Дома Фудбал Останато Кавани за односот со Нејмар: Престанете веќе со тоа, сите имаме свој живот!

Кавани за односот со Нејмар: Престанете веќе со тоа, сите имаме свој живот!

Француските новинари не пропуштија прилика.

Долго време во медиумите се пишува за наводната нетрпеливост помеѓу Единсон Кавани и Нејмар.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Се започна кога Бразилецот пристигна во Париз и веднаш сакаше да покаже дека ќе биде најголема ѕвезда на тимот.

Во една прилика имаа конфликт околу тоа кој ќе изведе пенал, клубот јасно стана на страната на фудбалерот кој беше платен 222 милиони евра, но на Кавани му беше понуден еден милион евра за да помине преку тоа. Уругваецот не сакаше да ги земе тие пари.

Од тогаш се е строго професионално, но старите искри повторно се појавија на пријателскиот натпревар помеѓу Уругвај и Бразил кога Кавани стартуваше над Нејмар и заработи жолт картон.

Сега после наредниот натпревар кој Французите го играа против Уругвај напаѓачот не можеше да го избегне и прашањето за нивниот однос.

„Престанете веќе со тоа! Вие новинарите правите приказна која ја нема. Сите имаме свој живот надвор од теренот, на него сите го правиме она што е најдобро за клубот“, порача уругвајскиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим инсистира на ангажирање на нов играч во средниот ред уште во јануари, има конкретно име на ум

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим продолжува да врши притисок врз раководството…