Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопј Аердром го загуби речиси добиениот меч против Морнар во рамки на регионалната АБА лига.
По драматичниот финиш на мечот, МЗТ пропушти победа која ја имаше во рака и ја градеше во рамки на три четвртини.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По водството од 15 поение, последната четвртина донесе неверојатна разврска. Ужасен скор по слободните удари за Аеродромци, исто така грешки кои ниту малку не беа за простување, но и среќа. Морнар успеа да дојде до израмнување 69:69, а веднаш потоа и да поведе во финишот со три поени, и да го запише своето второ водство на мечот по водството во средината на првата четвртина.
Металците во последниот дел постигнаа само 6 поени, кои на гостите им донесоа голема победа.
На крајот сепак и среќата не беше на страната на МЗТ, откако во последните 30тина секунди, Стојановски промаши удар за два, а по него и Трајковски удар за три поени.
Во таборот на МЗТ Скопје најпрецизен беше Трајковски со постигнати 17 поени, додека на другата страна блескаше Мидам со 24 постигнати поени.
Инаку за потсетување, пред овој дуел, МЗТ по оставката на Тодоров го доби Лукјаиќ на клупата, а и верните „Фемили Аеродром“ по повеќе од две години бојкот се вратија со поддршка на трибините.