Дома Фудбал Англија И тој најде некого да критикува – Тен Хаг „удри“ по Саутгејт!

И тој најде некого да критикува – Тен Хаг „удри“ по Саутгејт!

На „Велтинс“ Арената во Гелзенкирхен во првото коло во групата „Ц“ од Европското првенство Англија со 1:0 ја победи Србија, а единствениот гол на натпреварот го постигна Џуд Белингам во 13. минута.

Иако, Англија победи сепак Саутгејт добива критики за начинот за кој играше неговата репрезентација, посебно во второто полувреме.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Кон критиките сега се приклучи и тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг.

„Англија играше многу пасивно. Ги гледав како се повлекуваат и овозможија на Србија да напаѓа. Англија поведе, а потоа Саутгејт одлучида се коцка и да чува резултат. Многу лесно можеше дабиде казнет“, изјави Тен Хаг.

Сличен став имаа и од „Би-Би-Си“.

„Во одредени моменти беше мачно да се гледа натпреварот Англија Србија. По првиот половина час игра фудбалерите целосно се повлекоа. На крајот издржаа, но ако играме така и во други натпревари тоа можеби нема да биде случај. Но, ќе потсетиме и дека Англија дури девет пати не победила на стартот на ЕП и секогаш се мачела. Ова е вторпат тимот под водство на Саутгејт да стартува со победа“, пишува „Би-Би-Си“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ериксен сруши рекорд во репрезентацијата на Данска

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен во натпреварот против Србија испиша рекорд ста…