Алваро Мората минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување, но никако да се врати во препознатливата форма која го красеше во Јувентус и Реал Мадрид.
Минатата сезона Мората имаше големи проблеми со прилагодувањето на англискиот фудбал, одигра 48 меча на кои постигна 15 гола, но не остави добар впечаток.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона под водство на Сари требаше да биде „прва виолина“ во нападот, но никако да влезе во добра форма. Поради тоа го загуби местото во стартниот тим од Оливие Жиру.
Поради тоа 25-годишниот Шпанец сериозно размислува за промена на средината уште во јануарскиот преоден рок, а префиерира да се врати во Шпанија или Италија.
Сепак, тешко е да се поверува дека Челзи ќе му дозволи да замине на среде сезона, бидејќи ќе остане со само еден напаѓач.
Во секој случај, Мората признава дека не се снајде најдобро во Челзи и сака што е можно побрзо да ја промени средината.