Дома Фудбал Останато И ОВА СЕ СЛУЧИ: Го одби Манчестер Јунајтед и си замина во Катар

И ОВА СЕ СЛУЧИ: Го одби Манчестер Јунајтед и си замина во Катар

Мехди Бенатија практично е поранешен играч на Јувентус.

Имено, продаден е на катарскиот Ал-Духаили за 15 милиони евра, во понеделник би требало да потпише договор со Арапите. Јуве пронајде замена во Мартин Касерес кој по трет пат се враќа во клубот, а не сакаа да го пуштат Бенатија во Арсенал, бидејќи од Лондон бараа 20 милиони евра за Рамзи кој ќе пристигне како слободен играч во јуни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во Арсенал не сакаа, но Јунајтед сакаше. Имено, како што пишуваат италијанските медиуми, Јувентус се согласил на понудата од Јунајтед, но Бенатија го одбил Манчестер Јунајтед. Тој не сакал да се согласи на сума од 3,7 милиони евра по сезона, барал 4,5 милиони, Англичаните одбиле, па Бенатија си замина во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ридигер доаѓа, Бремер си оди – цената е 60 милиони евра!?

Јувентус наводно е подготвен да го продаде еден од своите најважни играчи во летниот преод…