Дома Фудбал Репрезентации И Алвес го критикува Меси: Ако ми е пријател не значи дека ја зборува вистината

И Алвес го критикува Меси: Ако ми е пријател не значи дека ја зборува вистината

Лионел Меси предизвика многу реакции со изјавите дека Бразил бил форсиран од страна на судиите на Копа Америка.

Меси и друштвото беа бесни после поразот во полуфиналето од Бразил (2:0), а натпреварот беше обележан со неколку дискутабилни одлуки на судијата. Аргентинците после натпреварот го критикуваа судијата и јавно зборуваа дека Бразил морал да оди во финале.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се кулминираше во натпреварот за трето место помеѓу Аргентина и Чиле кога после половина час Меси беше исклучен,

Меси после натпреварот одби да го прими медалот за трето место и порача дека не сака да биде дел од корупцијата која се прави на Копа Америка.

Поради таквиот коментар Меси предизвика реакции, а сега се огласи и Дани Алвес кој е добар пријател со Меси, меѓутоа во оваа ситуација не застана на страна на Аргентинецот.

„Покажа непочитување со тврдењата дека трофејот е купен. Ние сме добри пријатели и тоа сите го знаат. Но, ако ми е пријател не значи дека ја зборува вистината. Кажа некои погрешни работи, тоа веројатно беше во афект“, порача Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…