Дома Трансфер зона Италија уште го сонува Модриќ, Спалети не е оптимист: Би било вистинско чудо

Италија уште го сонува Модриќ, Спалети не е оптимист: Би било вистинско чудо

Лука Модриќ доби покачување во Реал Мадрид, според последните најави би требало да добива 10 милиони евра годишно, но во Италија се уште се надеваат дека може да премине во Интер.

„Интер не ја губи надежта. Лука сака да дојде во Интер и додека не потпише нов договор, тој сон ќе трае. Реал не се согласува на проджаба, но Лука има поинаква желба“, пишуваат Италијанците и додаваат дека Интер се уште врши притисок на Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тренерот Лучијано Спалети неодамна даде изјава во која потврди дека Модриќ сакал да дојде во Интер, како и дека е среќен поради тоа.

„Среќен сум што играч како Модриќ, светски вицешампион со четири освоени титули во Лигата на шампионите сакаше да биде член на Интер. За жал мислам дека Реал таков играч нема да пушти да си замине. Тој е мозокот на нивниот тим. Не знам како би го надоместиле неговото заминување, но знам дека ќе биде вистинско чудо ако дојде кај нас“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…