На стадионот „Олимпико“ во Рим, вечерва се игра финалниот меч од Купот на Италија во кој ќе се сретнат Јувентус и Милан.
Шанса да игра за обата клуба и поддеднакво да остави белег во својата богата кариера имаше и Андреа Пирло. Мајсторот од Апенините неодамна ја заврши својата играчка кариера и во план наскоро има да почне да се занимава со тренерската професија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сигурно е дека Пирло ќе биде среќен со секој исход на вечерашното финале, но за италијанските медиуми откри дека некако повеќе се надева на победа на Милан. Легендарниот Пирло верува дека освојување на Купот на Италија би било добар почеток во новата ера на „Росонерите“.
„Очекувам еднаков дуел. Во финале никогаш немате фаворит без оглед во каква форма се екипите. Среќен сум што Гатузо е на клупата на Милан бидејќи се гледа дека се врати духот во тимот. Поради него би сакал вечерва Милан да го освои трофејот“, истакна Пирло.