Tрансферот на Марио Манџукиќ во катарскиот Ал-Духаил сепак не пропаднал.
Од претходно е познато дека Манџукиќ не е во плановите на Јувентус и оваа зима бара нова средина. Листата на клубовите кои покажаа интерес за Хрватот е прилично долга, а најупорен Ал-Духаил каде што за сезона ипол би можел да заработи 12 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манџукиќ веќе беше снимен во Катар, но вчера ја напушти оваа земја без потпишан договор. Тогаш се сметаше дека трансферот пропаднал, но „Тутоспорт“ дојде до нови информации.
„Манџукиќ денес пристигнал во Загреб. Дојде веројатно поради технички причини, за да извади потребни документи за во Катар“, пишува познатиот италијански медиум.