Дома Трансфер зона Италијанците тврдат: Дефанзивецот на Јунајтед се враќа „дома“!

Италијанците тврдат: Дефанзивецот на Јунајтед се враќа „дома“!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан, најверојатно заминува од „Олд Трафорд“ ова лето, барем така тврдат италијанските медиуми.

Во изминатите неколку денови спортските медиуми често пати пишуваат за иднината на италијанскиот дефанзивец од редовите на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан.


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Медиумите во Италија тврдат дека тој се враќа во татковината бидејќи кај Мурињо не добива доволно простор за игра.

Јувентус е заинтересиран за неговите услуги бидејќи Дани Алвеш сигурно заминува, а помеѓу клубовите кои покажаа интерес за Дармијан се и ривалите од Милано.

„Газета Дело Спорт“ , на Милан му дава 20%, Интед доби 30%, додека „старата дама“ доби најголем процент од 50%.

Значи, сметаат дека Дармијан сигурно нема да остане во Јунајтед.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат …