Дома Фудбал Репрезентации Италијанците посилни за тројца Бразилци во баражот против Македонија?

Италијанците посилни за тројца Бразилци во баражот против Македонија?

Вчерашниот ждреб во Цирих сакаше Македонија да го добие најтешкиот пат до Мундијалот во Катар. Прво ќе играме против Италија, а во случај да победиме ќе одиме на Португалија или Турција. За тој бараж во март Италијанците би можеле да сметаат на тројца нови играчи.

Претседателот на италијанската федерација Габриеле Гравина потврди дека сакаат да натурализираат тројца Бразилци кои би можеле да играат за репрезентацијата уште од март 2022.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да, федерацијата е заинтересирана да бидат повикани. Работиме за троја фудбалери, но ништо не е завршено и преговорите се во тек. Формалностите се преземени, потоа селекторот ќе треба да одлучи дали ќе бидат повикани“, изјави Гравина.

Гравина не откри за кои фудбалери се работи, но според медиумите во Италија тоа се Луис Фелипе од Лацио, Рожер Ибанез од Рома и Жоао Педро од Каљари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Динамо во проблеми: Се повреди и Адеми

Македонскиот фудбалер, Аријан Адеми нема да биде во можност да му помогне на Динамо Загреб…