Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.




27-годишниот играч за врска на лето ќе биде слободен агент бидејќи нема најави за продолжување на договорот со Баерн Минхен.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
За него интерес покажаа неколку европски гиганти, а најконкретен е интересот на Интер и Јувентус, кои веќе доставиле понуда до неговиот агент.




Толисо е отворен за преселба во Серија А, па останува да видиме кој ќе победи во трката за неговиот потпис.
Французинот оваа сезона запиша 21 настап за Баерн на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции.