Дома Трансфер зона Италијанско дерби за потписот на Миленковиќ

Италијанско дерби за потписот на Миленковиќ

Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ е на мета на Интер и Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба се во потрага по дефанзивец, а Миленковиќ влезе во последната година од договорот и неговата цена е 15 милиони евра.

Интер поради финансиски проблеми најверојатно ќе го продаде Скриниар за кого ПСЖ нуди 65 милиони евра.

Поради тоа „нероаѕурите“ сакаат да донесат двајца дефанзивци, прва желба е Бремер од Торино и Миленковиќ од Фиорентина.

Јувентус е во напредни преговори со Челзи за продажба на Де Лихт и исто така сака да донесе двајца дефанзивци, па Миленковиќ е на списокот на „старата дама“.

Останува да видиме кој од двата италијански гиганти ќе ја добие битката за потписот на Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…