Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ е на мета на Интер и Јувентус.
Двата клуба се во потрага по дефанзивец, а Миленковиќ влезе во последната година од договорот и неговата цена е 15 милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Интер поради финансиски проблеми најверојатно ќе го продаде Скриниар за кого ПСЖ нуди 65 милиони евра.
Поради тоа „нероаѕурите“ сакаат да донесат двајца дефанзивци, прва желба е Бремер од Торино и Миленковиќ од Фиорентина.
Јувентус е во напредни преговори со Челзи за продажба на Де Лихт и исто така сака да донесе двајца дефанзивци, па Миленковиќ е на списокот на „старата дама“.
Останува да видиме кој од двата италијански гиганти ќе ја добие битката за потписот на Србинот.