Италијанските медиуми со месеци тврдат дека јужнокорејскиот стопер Ким Мин-Јае (26) ќе го напушти Наполи и ќе замине во Манчестер Јунајтед, кој во него гледа замена за Хари Мегваер.
Ким ја освои Серија А со наполитанскиот клуб како еден од најважните првотимци и долго време беше желба на тренерот Ерик Тен Хаг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се чини дека зделката е на чекор до реализација бидејќи весникот Ил Матино, еден од главните медиуми на југот на земјата, тврди дека клубовите се договориле за трансфер вреден 60 милиони евра, колку што изнесува откупна клаузула во договорот на азискиот стопер кој одлично се снајде во Неапол.
Да потсетиме, Ким во италијанскиот тим пристигна во летото 2022 година од Фенербахче за 18 милиони евра.
Многумина предвидуваа дека одбраната на Наполи ќе биде послаба поради заминувањето на Калиду Кулибали во Челзи, но Ким се покажа како полн погодок и Наполи може многукратно да заработи од него.
Неговиот актуелен договор со Наполи е до 2025 година со опција за продолжување на уште две сезони.
Трансфермаркт го цени на 50 милиони евра и моментално важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот.