Дома Фудбал Италија Италијанските медиуми: Го виде некој Јувентус?

Италијанските медиуми: Го виде некој Јувентус?

Јувентус игра непрепознатливо од почетокот на сезоната, но до сега критиките кон тимот и новиот тренер Андреа Пирло не беа толку силни.

Медиумите на Апенините меѓутоа жестоко го критикуваа италијанскиот шампион после поразот од Барселона во Лигата на шампиони.

Каталонците победија со 2:0 во Торино, а домаќините кои беа без Кристиано Роналдо целосно потфрлија на мечот, тврдат медиумите во Италија.

Торинскиот весник „Тутоспорт“ на насловната страна излезе со прашање: „Некој го виде Јувентус?“.

„Газета дело Спорт“ и „Кориере“ излегоа со слични наслови „Јувентус остана во офсајд“, алудирајќи на поништените голови на Мората поради офсајд позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Серија А се враќа по долгата пауза: Што нè очекува?

По долгата репрезентативна пауза, Серија А се враќа со возбудливи натпревари и нови приказ…