Три италијански клубови покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот Сократис Папастатопулос, кој вчера и официјално го раскина договорот со Арсенал.
Грчкиот дефанзивец е слободен агент и неговиот агент веќе остварил контакт со Џенова, Лацио и Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсериозен интерес покажува Џенова, каде Сократис играше од 2008 до 2010 година и ја доживеа својата фудбалска афирмација.
За Сократис, кој оваа сезона нема одиграно ниту една минута, интерес покажуваат уште Бетис, Фенербахче и Олимпијакос.