Италијанскиот гигант Милан покажува силен интерес за белгискиот репрезентативец, Аднан Јанузај.
Договорот на Јанузај со Реал Сосиедад истекува на крајот на сезоната и може да се пресели на „Сан Сиро“ како слободен агент, пренесува „Спортиталија“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумот пренесува дека самиот фудбалер преку своите агенти му се понудил на „росонерите“ и веќе се започнати преговори.
Милан е во потрага по засилување за десната крилна позиција, но прва желба на „росонерите“ е Доменико Берарди.
Јанузај важеше за голем талент во Манчестер Јунајтед, а кариерата ја „оживеа“ во Реал Сосиедад каде игра одлично во последните две сезони.