Македонскиот таеквондо борач Дејан Георгиевски направи голем успех и обезбеди олимписка норма за ЛОИ во Токио!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Георгиевски на европскиот квалификациски турнир во Софија во категоријата над 87 килограми успеа да слави над олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан и така обезбеди место на финалниот собир. Георгивски го доби Исаев со 13:6.
Претходно место на Олимписките игри од Македонија обезбеди борачот Могамедгаџи Нуров, а се очекува и каратистот Емил Павлов да го направи истото.
Честитки Дејан!