Дома Фудбал Репрезентации Исланд испиша историја: Емоции и радост за директен пласман на Мундијалот (Видео)

Исланд испиша историја: Емоции и радост за директен пласман на Мундијалот (Видео)

Фудбалерите на селекцијата на Исланд со триумф против Косово на стадионот во Рејкјавик со 2:0 го обезбедија својот пласман на Мундијалот во Русија.

Поведоа со погодокот на Сигурдсон во 40. минута, а победата ја заокружи Гудмундсон во 68. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со трите освоени бода, Исланд се најде на првата позиција во групата И, и директно се пласираше на собирот на најдобрите светски селекции, пред Хрватска која својата шанса ќе ја бара преку бараж.

Исланд за првпат ќе учествува на СП, и со тоа станаа најмалата земја на светот која се изборила за пласман на Мундијалот, а еве како се славеше на теренот во престолнината по последниот судиски свиреж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Меси со глава даде гол на отворањето на новиот стадион (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами и Остин одиграа нерешено 2:2 во шестото коло на МЛС. Ова беше …