Дома Фудбал ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА СЕ ЗАКАНУВА НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ!? Паника поради најава за терористички напади на четири стадиони!

ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА СЕ ЗАКАНУВА НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ!? Паника поради најава за терористички напади на четири стадиони!

Цела Шпанија е на нозе по грозоморните закани на социјалните мрежи, а се закануваат и на натпреварите во Париз и Лондон каде се среќаваат Арсенал – Баерн и ПСЖ – Барселона.

Минатата вечер шпанските медиуми објавија шокантна информација дека Исламската држава се заканила со терористички напад на четирите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На социјалните мрежи се појави грозоморна фотографија (објавена од фондацијата „Ал Азим“) која зборува за наводната намера на Исламската држава да нападне четири стадиони на кои се играат натпреварите од Лигата на шампионите: „Емирати“ во Лондон, „Паркот на принцовите“ во Париз и „Метрополитано“ и „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Властите во Шпанија се информирани за вознемирувачката порака која се шири на социјалните мрежи и ја објавува споменатата фондација „Ал Азаим“, а како што пишува шпанска „Марка“, засега нема причина за преголема паника.

Веќе се е пријавено во полиција и разузнавачките служби, додека секако сите четвртфинални натпревари се оценети како натпревари од „висок ризик“.

Инаку, фондацијата „Ал Азим“ служи за објавување на пораките на Исламската држава, но многу фанови сметаат дека тоа е само закана за создавање паника, бидејќи сметаат дека не би ги откриле однапред своите намери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА се подготвува да казнува за говорење со покриена уста

Во ФИФА се разгледува можностa во иднина фудбалерите да бидат казнувани за обраќање кон пр…