После девет години поминати во Реал Мадрид, Иско си заминува од клубот како слободен агент.
Шпанецот од поодамна беше на излезна врата, а оваа одлука ја потврди преку порака на социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што дел од пораката на Иско навивачите го протолкуваа како да е порака за Килијан Мбапе.
“Кога бев во Малага, знаев дека морам да направам чекор напред. Ме поврзуваа со други тимови, но тогаш Реал тропна на мојата врата, а на Реал никој не треба да му каже „не““, изјави Иско.
Во дресот на Реал, 30-годишниот Шпанец одигра 353 натпревари и постигна 53 гола, освојувајќи ја шпанската титула три пати, Лигата на шампионите пет пати, европскиот Суперкуп три пати, Светското клупско првенство четири пати, шпанскиот Суперкуп три пати и Купот на кралот.