Дома Трансфер зона Иско призна: Имав контакти со Барселона!

Иско призна: Имав контакти со Барселона!

Ѕвездата на Реал Мадрид денес и официјално стави потпис на новиот договор со „кралевите“ и се обврза на верност до 2022 година со „кралскиот“ клуб.

Со тоа 25-годишниот Шпанец стави крај на шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“, а во новиот договор има откупна клаузула од 700 милиони евра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Многу сум среќен и горд што сум дел од најдобриот клуб во светот. Во Реал се развив како фудбалер, но и како човек. Никогаш не сум помислил да заминам, од првиот момент кога дојдов сакав да освојувам титули тука“, истакна Иско.

„Имав и лоши моменти, но убавите секогаш те прават да ги заборавиш лошите. Имаме многу конкурентен тим и сите сме стартери, па на тренерот е да избери само 11. Јас се чувствувам важен дел од тимот“, додаде Шпанецот, кој во минатото беше поврзуван со трансфер во Барселона.

„Вистина е, имав контакти со Барселона, но не ја прифатив понудата. Мојата намера е да останам во Реал и да освојувам трофеи со овој дрес“, призна Иско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…