Дома Топ вести Иско му поставил ултиматум на Зидан?!

Иско му поставил ултиматум на Зидан?!

Се враќа Герет Бејл, а тоа на некои фудбалери во редовите на „кралевите“ нема да им се допадне….

Во соблекувалната на Реал Мадрид изгледа дека ретко кога има целосен мир. Шпанските новинари тврдат дека во овој момент има конфликт на реалција Иско-Зинедин Зидан и тоа поради враќањето на Герет Бејл.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Бејл наводно би можел да започне од првата минута во вечерашниот куп натпревар против Фуенлабраде. Имено, Зидан наводно постепено сака да го врати триото Бејл, Бензема, Роналдо во идеална форма за натпреварите против Севиља и Барселона кои се на распоредот кон крајот на декември.

Со други зборови тоа значи дека Иско кој го менуваше Бејл ќе се пресели на клупата. Но, шпанските новинари тврдат дека Иско не сака да се помири со таков развој на ситуацијата.

Во својата пета сезона во Реал Иско наводно смета дека заслужува повеќе почит. Во случај да заврши на клупата, тој е спремен да побара трансфер веќе во јануари, а заинтересирани клубови нема да недостасуваат, тврди „Diario Gol“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона или Баерн – кој ќе стигне прв до еден од најдобрите бекови во Европа?!

Aлехандро Грималдо е име што се појавува на фудбалскиот пазар. Според пишувањата на катало…