Дома Фудбал Италија Интер – Јувентус: Дали одметнатиот „крал“ е спремен да го сруши своето кралство!?

Интер – Јувентус: Дали одметнатиот „крал“ е спремен да го сруши своето кралство!?

Големо и неверојатно е чувството кај сите што ја следат Серија А сезонава. Конечно се надзира барем според стартот повозбудлива сезона, понеизвесна од оние минатите. На врвот на табелата се наоѓа Интер со максимални шест победи и веќе е јасно дека оваа екипа предводена од Конте ќе му биде сериозен предизвик на Јувентус до крајот на сезоната.

Конте е најголемата предност на Интер

Интер победи на своите први шест натпревари и му побегна на Јуве со два бода, откако тимот од Торино ремизираше со Фиорентина. Од тука можам да го разберам оптимизмот кај нероазурите. Антонио Конте му даде одредена предност на Интер во однос на другите. Што е најважно, им даде чувство на самодоверба на сите во тимот и тие играат одлично досега сезонава. Формацијата 3-5-2 која Конте ја има разработено до најмал детал, функционира беспрекорно. Цврстата одбрана со Годин, Скинаир и Де Вриј е темелот на екипата. Средината пак со доаѓањето на Сенси доби полетност, а нападот со Лукако разновидност. Се на се, Конте создаде една хомогеност која ќе биде тешко да ја срушат и најдобрите, а тука секако спаѓа Јувентус.

Интер е еден во Серија А, друг во Лига на Шампиони


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Интер не беше толку добар како што нивните резултати го покажуваат тоа. Но победи си се победи. Големо разочарување во екипата беше ремито со Славиа Прага во воведното коло од Лигата на Шампиони, но Интер по тоа реми се врати со три победи и тоа над Милан, Лацио и Сампдорија. Сепак и во вториот меч во Лигата на Шампиони дојде нов пораз. Но овој пат поразот од Барселона дојде во една одлична игра. Јасно е дека среќата на тој меч не беше на страната на Интер, кој создаде еден куп шанси против Меси и дружината. Но ова ќе биде вистинскиот тест за Интер, поголем и од дуелот против Милан кој веројатно е најдобрата партија на тимот оваа сезона.

Има некои сериозни сомнежи поврзани со Интер, но тие сомнежи може да исчезнат по овој натпревар, или пак да се зголемат.

Сари побара време, но Интер притиска

Кога сме кај сомнежите, тие се присутни и на другата страна, во Јуве под водство на Маурицио Сари. Сари напомена дека ќе треба да помине некое време за да пронајдат добар ритам, но тие во овој меч влегуваат со серија од четири победи во низа. Ако се тргне на страна ремито со Фиорентина, Јувентус изгледа одлично сезонава и Сари се чини дека продолжи онаму каде што застана Алегри. За разлика од Интер, Јуве е добар и во Лигата на Шампиони каде прво одигра 2:2 во Мадрид кај Атлетико, за пред неколку дена да слави убедлива победа од 3:0 дома против Баер Леверкузен. Освен тоа, тие го совлааа веќе другиот конкурент за титулата Наполи со 4:3 во еден од најинтересните натпревари сезонава во Серија А.

Јуве е одличен во дерби пресметките во Серија А

Логиката на нештата во последните осум сезони укажува на тоа дека треба да го исфорсираме Јувентус во дерби пресметките во Серија А. Тие се господари кога во прашање се дербијата во Италија, а овој пат ќе направат се за да не дозволат Интер да побегне со пет бода на врвот на табелата. Освен тоа, запомнете дека Интер има победено на само еден од последните 13 натпревари против Јувентус. Но букмејкерите се определија на Интер да му ја дадоа фаворитската улога, па според квотите домаќинот е благ фаворит на овој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…