Дома Топ вести Интер спрема трансфер „бомба“ – тргнува по Герет Бејл

Интер спрема трансфер „бомба“ – тргнува по Герет Бејл

Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл може да ја продолжи кариерата во милански Интер, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, новиот тренер на „нероаѕурите“ Антонио Конте побарал од раководството да го убедат Велшанецот да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Реал Мадрид јасно стави до знаење дека нема да смета на Бејл наредната сезона, има неколку заинтересирани клуба, но проблем е неговата висока плата.

Пари Сент Жермен и Манчестер Јунајтед исто така покажуваат интерес за Бејл, но не се спремни да му понудат плата од 17 милиони евра колку што заработува во Мадрид.

„Нероаѕурите“ имаат план да го донесат Велшанецот на позајмица, а Реал наводно е спремен да го пушти и да плаќа дел од неговата плата, доколку во следниот месец не се најде купувач за играчот.

Поради тоа Интер во моментов важи како фаворит за потписот на Бејл, а доколку се реализира овој трансфер тоа сигурно ќе биде огромно засилување за „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…