Дома Фудбал Италија Интер славеше во дербито против Милан

Интер славеше во дербито против Милан

Интер во миланското дерби на Сан Сиро го совлада Милан со 2:0 во натпревар од 4. коло во Серија А.

Нероаѕурите уште на почетокот тргаа офанзивно и имаа неколку шанси, но со одбраните на Донарума и неколку промашени шанси, резултатот остана непроменет во првите 20 минути.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 22. минута Милан поведе со 1:0 кога Чалханоглу постигна погодок, но судијата го поништи откако претходно еден играч на Интер го погоди во рака Кеси. Интер продолжи да напаѓа, но до полувремето не успеа да постигне погодок.

Сепак, веќе во 49. минута екипата на Антонио Конте стигна до водство откако Брозовиќ шутираше на голот на Донарума, а топката го закачи Лео и заврши во мрежата.

И после постигнатиот погодок Нероаѕурите продолжија да доминираат и да создаваат шанси, а во 78. минута Ромелу Лукаку ги реши сите дилеми околу победникот кога после центаршутот на Барела погоди со глава за 2:0.

Милан во второто полувреме упати само еден удар кон голот на Интер што најдобро зборува како домашната екипа играше во продолжение.

На крајот остана 2:0 иако во 92. минута Барела ја погоди пречката. Со оваа победа Интер го задржа учинокот од 100% и после четири кола се наоѓа на врвот на табелата со 12 бода, додека Милан моментално е на 9 позиција со 6 освоени бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …