Дома Трансфер зона Интер се засилува со ѕвездата на Удинезе

Интер се засилува со ѕвездата на Удинезе

Интер и Удинезе постигнаа начелен договор за трансфер на плејмејкерот Лазар Самарџиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Самарџиќ игра одлично во дресот на Удинезе и се етаблираше во еден од најдобрите млади играчи во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нероаѕурите“ се во потрага по квалитетен играч за врска, па ја победија конкуренцијата и постигнаа договор со Удинезе.

Трансферот ќе го чини Интер 25 милиони евра со вклучени бонуси, а во Удинезе ќе се пресели и младиот фудбалер на „нероаѕурите“ Фабиан.

Двата клуба ги договараат последните детали и Самарџиќ утре треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…