Раководството на Интер минатото лето ги донесе Квадво Асамоа и Стефан де Вриј како слободни агенти, а истиот принцип ќе го примени и следното лето.
Италијанските медиуми пренесуваат дека директорот Марота се насочил кон доведување на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мирор“ пренесува дека „нероазурите“ сакаат да го донесат Англичанецот во своите редови како слободен агент, со оглед на фактот дека неговиот договор му истекува по крајот на оваа сезона.
Сепак, Јунајтед има опција автоматски да го продолжи договорот со играчот на уште една година. Со оглед на фактот што „црвените ѓаволи“ се уште не ја искористиле таа опција, Интер ќе се обиде да го донесе Ешли Јанг во Милано.
Inter Milan are considering a move for Manchester United full-back Ashley Young on a free transfer when his contract expires in the summer. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/kedyuCwBm4
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 2, 2019