Дома Трансфер зона Интер продава се што има вредно: Мартинез за 60 милиони фунти во Тотенхем!?

Интер продава се што има вредно: Мартинез за 60 милиони фунти во Тотенхем!?

Како што стојат работите и според она што се најавува од италијанските медиуми Интер летово распродава се што е вредно во тимо.

Замина Хакими, Лукаку е пред трансфер во Челзи и се чека потврдата за тој трансфер, а сега се најавува дека ќе замине и Лаутаро Мартинез. Според последните информации на дел од италијанските медуми и островскиот „Тајмс“, Лаутаро Мартинез има договор со Тотенхем.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Наводно, Тотенхем на Интер ќе му плати сума од 60 милиони фунти за Аргентинецот кој би го заменил Хари Кејн. Англискиот репрезентативец веќе подолг период се поврзува со заминување, фаворит за неговиот потпис е Манчестер Сити.

Ако заминат Мартинез и Лукаку тоа ќе биде вистински шок за навивачите кои минатата сезона конечно дочекаа Скудето после долги години, па очекуваа тимот да го подига квалитетот, а не да се распаѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…