Директорот на Интер, Валтер Сабатини оваа недела ќе отпатува во Кина со цел да ги започне преговорите за трансфер на Рамирес, пренесуваат италијанските медиуми.
Интер ќе се обиде да го искористи фактот што имаат заеднички сопственик со кинески Жиангсу, каде Рамирес игра веќе две сезони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер нема голем буџет за зимскиот преоден рок, но би можеле да го донесат искусниот Бразилец на позајмица до крајот на сезоната.
Рамирес моментално е надвор од терените бидејќи има проблеми со коленото, а бразилското првенство завршува следниот викенд. Потоа следи пауза до март, па Интер ќе се обиде да го донесе Бразилецот на позајмица во јануари.
Трансферот би можел да биде договорен веќе во наредните денови, па Рамирес да пристигне во Милано и да тренира со тимот, а право на настап секако ќе има дури во јануари.