Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер во зимскиот преоден рок ќе донесе големо засилување од Кина, а станува збор за Бразилецот, Алекс Тешеира.
Тешеира пред две години за 55 милиони евра од Шахтјор се пресели во Жиангсу Сунинг, клуб кој ги има истите сопственици како и милански Интер.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Поради тоа медиумите тврдат дека Бразилецот во јануари ќе пристигне на „Џезепе Меаца“ како позајмен фудбалер, а следното лето трансферот ќе стане перманентен.
Тешеира е офанзивен играч за врска кој може да игра и по крилните позиции, а Спалети од раководството бара токму таков профил на фудбалер.
Во моментов Интер нема адекватна замена за Перишиќ и Кандрева, па сигурно дека Тешеира ќе биде големо засилување за „нероаѕурите“.
Бразилецот во Кина заработува 11 милиони евра по сезона, но медиумите тврдат дека фудбалерот ќе остане на платен список на кинескиот клуб и додека настапува за Интер.