Раководството на Интер спрема големи засилувања за следната сезона и конечно сака да го донесе Скудетото на „Џузепе Меаца“.
Веќе е договорен трансферот на десниот бек Ашраф Хакими, кој ќе пристигне од Реал Мадрид за 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Но, тоа е само почеток. Спортскиот директор Марота спрема уште три големи трансфери ова лето.
Првиот е италијанскиот талент и член на Бреша, Сандро Тонали. Преговорите се во напредна фаза и трансферот треба да биде комплетиран следните недели.
„Нероаѕурите“ се во потрага по нов дефанзивец, а најголемото засилување треба да пристигне во нападот.
Доколку Лаутаро замине главни метии се Габриел Жесус од Манчестер Сити или Антоан Марсијал од Манчестер Јунајтед.