Интер ова лето планира значително да го засили тимот и конечно да се бори за Скудетото следната сезона.
Италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ се заинтересирани за дури четворица фудбалери на Реал Мадрид. Притоа директорите на миланскиот гигант, Марота и Аусилио, веќе отпатувале во Мадрид каде ќе започнат преговори со Реал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првото име е Матео Ковачиќ кој последната сезона играше како позајмен играч во Челзи, а „сините“ исто така сакаат да го задржат, но се очекува одлука на новиот тренер.
Неговата цена во моментов изнесува 35 милиони евра, исто колку што Реал му плати на Интер во 2015 година за неговиот потпис. Конте смета дека Хрватот би бил идеално засилување за средниот ред и замена за Наинголан, кој е на излезна врата од „Џузепе Меаца“.
Конте го сака и Лукас Васкез, кој е на излезна врата од Реал Мадрид, а неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра.
„Нероаѕурите“ исто така покажуваат интерес уште за Начо и Герет Бејл, но овие два трансфери се потешко остварливи.