Интер планира на крајот на сезоната да се раздели со Ромелу Лукаку и веќе му најшол замена на Белгиецот, пренесува „Калчомеркато“.
Лукаку е на позајмица од Челзи, но Белгиецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, па Интер планира да се раздели со него на лето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Како замена „нероаѕурите“ работат на трансферот на 25-годишниот напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам.
Французинот на лето ќе биде слободен агент и може да пристигне без обештетување, а Интер сака да ја победи конкуренцијата.
Интер спремил 5-годишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона и е во пол-позиција за неговиот потпис.