Дома Трансфер зона Интер мора да продава фудбалери поради нормите на УЕФА

Интер мора да продава фудбалери поради нормите на УЕФА

Миланскиот гиганти Интер ќе мора да продаде фудбалери најмалку за 40 милиони евра до јуни 2019 година за да ги исполни условите на Финансискиот фер-плеј, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер е под мониторинг на УЕФА уште од сезоната 2015/16 и тешко дека ќе може да си дозволи големи инвестиции на пазарот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


За таа цел „нероаѕурите“ ќе направат се што е во нивна моќ за да ги продадат фудбалерите кои во моментов се „непотребни“, како Габриел Барбоса. Бразилецот моментално е на позајмица во Сантос и неговата цена во моментов изнесива 16,8 милиони евра, па Интер се надева дека некој ќе ја плати таа сума.

Другиот фудбалер кој Интер сака да го продаде е Жоао Марио, за кого „нероаѕурите“ ќе бараат 18 милиони евра. Меѓутоа, дури и овие двајца фудбалери да бидат продадени за споменатата сума, сметките на „нероаѕурите“ повторно нема да бидат во линија со ФФП, па ќе мора да продадат уште некој фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…