Италијанските медиуми се сигурни дека Интер следното ќе направи „бум“ на трансфер пазарот и ќе донесе неколку големи имиња на „Џузепе Меаца“.
Новите сопственици на миланскиот клуб, компанијата „Сунинг“ одобрила голем трансфер буџет, а медиумите веќе ги открија главните трансфер цели на „нероаѕурите“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесуват дека примарна цел во одбраната ќе биде Маркињос од ПСЖ, а како алтернативи се споменуваат Манолас од Рома и Де Вриј од Лацио.
Најголемата желба на сите во клубот е Марко Верати за кого „нероаѕурите“ нема да жалаат пари, но тоа е тешко остварлива цел бидејќи ПСЖ не сака да слушне за негова продажба, а и конкуренцијата за неговиот потпис е огромна. Како алтернатива за Италијанецот е капитенот на Лацио, Лукас Биглиа.
Исто така и во нападот Интер сака да донесе една голема ѕвезда, па ќе се обиде да го привлече Алексис Санчез кој сеуште го нема продолжено договорот со Арсенал. Како алтернатива на Чилеанецот се споменуваат италијанските таленти Бернардески и Берарди.