Интер и Јувентус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваат италијанските медиуми.
Марио Хермосо има договор со Атлетико Мадрид до крајот на сезоната и го информирал раководството на „јоргаџиите“ дека нема да стави потпис на нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот е слободен да преговара со други клубови, а главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Интер и Јувентус.
Агентот веќе пристигнал во Италија и за тамошните медиуми потврди дека играчот сака кариерата да ја продолжи во Серија А, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.