Дома Трансфер зона Потврдено: Шпанецот го напушта Атлетико по пет години!

Потврдено: Шпанецот го напушта Атлетико по пет години!

Стоперот на Атлетико Мадрид, Марио Хермосо нема да потпише нов договор и ќе ги напушти „јорганџиите“ на крајот од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот дефанзивец донел одлука да ги прекине сите преговори со Атлетико, кој исто така се откажа од него и Диего Симеоне прифати да остане без него.

Ова секако не е најдоброто решение за Атлетико, Хермосо има 28 години и ќе си замине без обештетување, а воедно беше и важен играч во одбраната во изминатите години.

Хермосо пристигна во Атлетико Мадрид во летото 2019 година од Еспањол за 25 милиони евра, а интересно е што израсна во академијата на Реал Мадрид.

Хермосо одигра 165 натпревари за Атлетико, постигна 10 гола и забележа пет асистенции, учествуваше и во освојувањето на титулата во 2021 година.

Забележа Ермосо и пет настапи за националниот тим, но мали се шансите да се најде на списокот на патници за ЕУРО 2024, па така ќе има повеќе време да избере каде ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…