Сите во Рома се загрижени поради тешката повреда на Заниоло за кого сезоната е завршена, па раководството веќе почна да бара замена.
Прва мета е играчот на Интер и италијански репрезентативец Матео Политано, кој не е во плановите на Антонио Конте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Политано е на излезна врата од Интер и Рома сака да ја искористи таквата шанса за да го донесе на „Олимпико“, и сака да ја победи конкуренцијата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба се во напредни преговори и наскоро можат да договорат голема трампа.
Политано ќе заврши во Рома, а Интер за возврат ќе го добие левиот бек Спинацола, кој ова лето пристигна во Рим од Јувентус.
Конте е во потрага по засилување на левата бековска позиција и смета дека Спинацола идеално ќе се вклопи во неговата формација.