Дома Топ вести Интер и Рома се договориле за Икарди, но Аргентинецот сака само во еден клуб

Интер и Рома се договориле за Икарди, но Аргентинецот сака само во еден клуб

Се чека одговорот на Икарди!

Изгледа дека Рома и Интер се блиску до договор. Имено, Римјаните се спремни да го испратат Џеко на „Меаца“ и сума помеѓу 40 и 50 милиони евра за Мауро Икарди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Какво засилување би бил Икарди за Рома не треба многу да се зборува. Рома може да му понуди плата од седум милиони евра со бонуси, што е повеќе од она што го добива во Интер.

Но, Икарди сака во Јувентус и тоа не е тајна, советуван е да го чека финишот на преодниот рок кога Интер ќе мора да ја спушти цената. Во секој случај Јуве не сака да плати повеќе од 50 милиони евра за Аргентинецот. Меѓутоа пред се во клубот би морале да се ослободат од некој од сегашните напаѓачи (Дибала, Манџукиќ, Игуаин).

Дали Икарди е спремен да чека?

Изгледа дека е, освен Јувентус не е заинтересиран за други понуди, дури би можел и да остане во Интер иако клубот не смета на него.

Му ја одземаа „деветката“ и таа ќе ја носи Лукаку, а тоа беше и последен доказ дека Икарди е непожелен во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…