Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Договорот на Смолинг истекува на крајот на сезоната, а двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тутоспорт“ пренесува дека Интер е сериозно заинтересиран за Англичанецот и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
„Нероаѕурите“ сакаат да го доведат Смолинг на лето без обештетување како замена за Скриниар, кој сигурно ќе го напушти клубот.
Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување најмалку еден квалитетен дефанзивец.