Дома Трансфер зона Интер и Арсенал спремаат голема трампа

Интер и Арсенал спремаат голема трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Арсенал може да направат голема трампа до крајот на преодниот рок.

Интер е во потрага по дефанзивен играч за врска, а последно име во списокот на Конте е Лукас Тореира, кој е во сопственост на Арсенал.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тореира моментално е на позајмица во Атлетико Мадрид, но таму не добива голема минутажа и сака да ја промени средината.

Арсенал сака да ја искористи шансата и да направи трампа со Интер, така што за возврат ќе го добие Кристиан Ериксен.

На почеток би требало да биде само размена на позајмици до крајот на сезоната, со можност двата клуба да ги откупат играчите на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…