„Нероаѕурите“ се сериозно заинтересирани да ја завршат работата до крајот на месецот.
Како што пренесуваат италијанските медиум, Родриго Де Паул е голема желба на интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Валенсија, експлодираше во дресот на „Зебрите“ оваа сезона, екипата од Удине се мачи, но Де Паул игра одлично и го сврте вниманието на европските клубови.
Интер е најсериозен во намерата да го ангажира и сакаат работата да ја завршат до крајот зимскиот преоден рок.
Удинезе сепак не сака да го пушти, но дискутабилно е дали ќе можат да одолеат на понудата на Интер кој покрај парите спремен е да понуди и еден млад играч од своите редови.
Вредност на 24 годишниот Аргентинец на трансфер пазарот изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра.