Дома Трансфер зона Интер го стави Лаутаро на продажба

Интер го стави Лаутаро на продажба

Италијанскиот гигант Интер е спремен да слушне понуди за големата ѕвезда на тимот Лаутаро Мартинез, пренесува „Газета дело Спорт“.

Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година и стана најплатен фудбалер во тимот со годишна плата од 7,5 милиони евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Лаутаро оваа сезона  не игра на своето ниво, па во Интер сметаат дека сега е идеален момент за негова продажба бидејќи за Лаутаро интерес покажуваат неколку европски гиганти.

Клубот од Милано бара најмалку 80 милиони евра за својата ѕвезда, па останува да видиме дали некој клуб ќе ја понуди таа сума.

Најсилен интерес за 24-годишниот Аргентинец покажуваат Атлетико Мадрид и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…