Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.
Ачерби е во зрели години, Де Врај е на излезна врата, па „нероаѕурите“ сакаат да доведат најмалку еден квалитетен дефанзивец.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека на врвот на списокот желби се наоѓа дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф.
Јунајтед ги одбил сите понуди за трансфер на 29-годишниот шведски репрезентативец во зимскиот преоден рок, но сигирно ќе го продаде на лето.
Линделоф влегува во последната година од договорот, па Интер може да го доведе за симболична.