Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио бил во Шпанија каде лично го следел дефанзивецот на Валенсија, Муктар Диакаби, пренесуваат италијанските медиуми.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Нероаѕурите“ се во потрага по дефанзивец во јануарскиот преоден рок, бидејќи не е јасна иднината на Милан Скриниар кој е мета на ПСЖ.




Словакот се уште не потпишал нов договор и може да замине на лето како слободен агент, па Интер сака да има спремна замена.




Прво име на списокот на Аусилио е 25-годишниот Диакаби, чиј договор со Валенсија истекува на крајот на сезоната.




Интер може да го доведе без обештетување и сака уште во јануари да постигна договор со агентот на дефанзивецот.