
Според информациите на италијанските медиуми, Интер ќе се обиде да го доведе Ромелу Лукаку.
Како што се пишува, Интер е спремен да испрати понуда до Манчестер Јунајтед во која ќе го вклучи и Иван Перишиќ. Понудата би изнесувала помеѓу 20 и 30 милиони евра и Перишиќ.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Не е тајна дека Белгиецот веќе некое време е примарна цел на Интер, а гласините се засилија кога започна на големо да се пишува дека Конте ќе седне на клупата на Интер. Конте во Англија го водеше Челзи и имаше прилика да се запознае со квалитетите на Лукаку.
Интер сосема сигурно ќе доведе напаѓач, а претходно многу се поврзуваше со Един Џеко, но агентот Федерико Пасторело сега објави дека примарна цел на „нероаѕурите“ е белгискиот напаѓач.
Вредноста на Лукаку се проценува помеѓу 60-70 милиони евра, па во Интер се надеваат дека со Перишиќ ќе го убедат Јунајтед да ја намали цената.
Кога во прашање е Лукаку тој во Интер би добил договор на пет години во вредност од 7.5 милиони евра по сезона плус бонуси.
На Интер сега му е многу полесно затоа што нема притисок од финансискиот фер-плеј и клубот од Милано ова лето би можел да доведе квалитетни засилувања.