Интер е блиску до договор со Ајнтрахт Франкфурт за трансфер на српскиот репрезентативец Филип Костиќ.
Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите се при крај и Костиќ ќе биде првото засилување за новиот тренер Симоне Инзаги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Костиќ е лево крило, а може да игра и како лев бек, па идеално би се вклопил во формацијата 3-5-2 со која играат „нероаѕурите“.
„Калчомеркато“ пренесува дека Интер за потписот на Костиќ ќе плати 20 милиони евра плус 5 милиони во име на бонуси.
Интер треба да го продаде Хакими за сума од 60-70 милиони евра и со тоа ќе го финансира трансферот на Костиќ.
🔥 #Inter – Dalla Germania: accelerata per #Kostic, c'è l'accordo col nazionale serbo
— calciomercato.it (@calciomercatoit) June 10, 2021
📲 #CMITmercatohttps://t.co/hY580pTDso