Дома Фудбал Италија Интер го „блиндира“ Брозовиќ

Интер го „блиндира“ Брозовиќ

Интер оваа сезона игра одлично и после подолго време се бори за Скудетото, па главна цел на „нероаѕурите“ ќе биде да го задржат костурот на тимот за следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од играчите кои посебно блеска оваа сезона под водство на Антонио Конте е хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер ќе му понуди нов договор на Хрватот со значително зголемување на платата, со цел да го „блиндира“ од нападите на другите клубови.

27-годишниот играч за врска моментално заработува 4,5 милиони евра по сезона, а според новиот договор Интер ќе му понуди годишна плата од 5,5 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вo Ливерпул сериозно размислуваат и за Боуен

Името на Џаред Боуен е меѓу оние што управата на Ливерпул сериозно ги разгледува како можн…